Ѕвездата од „Брзи и бесни“ Мишел Родригез летниот одмор го поминува опкружена со пријатели, пловејќи по француската ривиера на скапа јахта.
Со луксузен брод, холивудската актерка се закотви оваа недела во непосредна близина на Ст. Тропе, на чија палуба откри завидна фигура во минијатурно бикини.
Таа ги почести дежурните папарацо фотографи со неколку одлични скокања од јахтата, а оваа среда го прослави својот 45-ти роденден.