Некогашниот велосипедист и посрамотен освојувач на многу турнири, Ленс Армстронг, важел за врвен во својата кариера и за еден од најпосакуваните мажи на светот.
Многу од девојките воздивнувале по него, а тој своето срце тие денови ѝ го подарил на 10 години постарата пејачка Шерил Кроу.
Тие се запознале онака како што тоа е често кај суперславните личности – на хуманитарна гала настан. Ленс и Шерил се сретнале во октомври 2003 година, а музичката ѕвезда признала дека „прилично брзо знаела дека „полудела“ по него“.
По кратко време тие станале пар, а за помалку од две години Армстронг ја запросил Шерил, на многу романтичен начин – ја прашал да се венча за него на одмор во Сончевата долина.
„Отидовме со чамец до средина на езерото“, се присетил Армстронг во текот на разговорот со Опра Винфри.
Како што раскажал, останале без гориво, а тоа што биле заглавени среде езеро му се чинело како прекрасен момент да ја праша девојката да стане негова сопруга.
Иако во тој момент немал прстен при рака, набрзо потоа се искупил со луксузен, прстен со дијаманти.
Дoдека траела нивната љубов, Ленс и Шерли важеле за совршен пар, а папарацо фотографите не можеле да се „заситат“ од нив. На црвениот тепих, романтични појадоци, кошаркарски натпревари… Баш секаде биле тие, разменувале нежности и се гледале заљубено, а медиумите ги опишувале како „вечен пар“.
Покрај тоа што била посветена на него, Шерли била и грижлива маќеа на децата на Армстронг – Лука, Изабел и Грејс на кои му посветила и песна на својот албум „Wildflower“.
Никој не го очекувал тоа што следело – само шест месеци по романтичното запросување, Ленс Армстронг и Шерли Кроу раскинале. Парот во 2006 година објавил заедничко соопштение во кое ја известиле јавноста дека повеќе не се заедно и дека нема ништо од венчавката која светот желно ја очекуваше.
„По многу размислување, донесовме многу тешка одлука да се разделиме. Се сакаме и почитуваме еден со друг и ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој тежок момент“, изјавиле тие.
Таблоидите се обиделе да утврдат што е причината за раскинувањето, а репутацијата на Армстронг не помогнала во тоа, но неколку недели подоцна се дознало дека Шерли боледува од канцер на дојка. Многумина заклучиле дека велосипедистот ја напуштил затоа што се разболела, но таа тоа го негирала.
„Навистина се сакавме многу и сѐ уште е сакаме“, рекла пејачката и додала дека не може да му се лути на Ленс затоа што тука е тоа што е.
„Знаете, тој е прекрасна личност и тоа е негов живот. Работата во тоа е тоа што тој сака и што јас сакам. И кога тие две работи не се согласуваат, настанува пукнатина“, истакнала Шерли.
Сепак, таа не криела дека ѝ е многу тешко што останала сама.
„Тоа е како смрт. На многу начини, тоа е како некој дел од животот да ви е ампутиран, но сѐ уште имате фантомска причина, знаете кога ќе се разбудите и гледате нешто и помислувате: О, морам да му кажам на Ленс за овој бенд, да го ставам тоа на неговиот ајпад. А, потоа сфаќате дека тој повеќе не е во мојот живот“, раскажала таа.
Како што раскажала години подоцна, Шерли верува дека свесно бирала мажи кои не сакале искрено брак.
„Дефинитивно не постои причина за тоа што не сум мажена. Мислам дека тоа е така главно зошто бирам луѓе кои не сакаат брак“.
И Армстронг зборувал за нивното раскинување, објаснувајќи дека Шерли и тој во врска биле оптоварени со нејзиниот биолошки часовник.
„Таа сакаше брак, сакаше деца, а јас не сакав ништо од тоа, не го сакав тоа тогаш зошто штотуку се разведов и имав деца. А, се боревме против нејзиниот биолошки часовник, притисокот беше тоа заради што се разделивме“.