Многумина се прашуваат која е девојката што седи во боксот на Ноле. Сега се е откриено…
Тоа е дадилка на семејството Ѓоковиќ, млада и исклучително способна дама која се грижи за Стефан и Тара.
Деловните обврски на успешните јавни личности често знаат да им го нарушат семејниот живот, сепак најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена и покрај бројните обврски успеаја одлично да си го средат животот. Сепак, понекогаш им треба помош.
Набрзо беше откриено дека таа е дадилка на семејството Ѓоковиќ, млада и исклучително способна дама која се грижи за Стефан и Тара.
Оваа млада дама била обврзана со семејството Ѓоковиќ да потпише договор за тајност, за интимата и деталите од нивниот приватен живот и неговото потесно семејство да останат во четирите ѕидови на нивниот дом. Ниту еден приватен детаљ за семејството Ѓоковиќ никогаш не смее да се споделува во јавност.
Младата дама ги исполнила сите очекувања. Таа ја почитува нивната улога како родители и ја споделува филозофијата на Новак И Јелена во воспитувањето на децата и храната. Има одлични карактеристики на педагошко-методската работа со деца и зборува повеќе странски јазици.