Џенифер Анистон е фотографирана како излегува од теретана во Лос Анџелес.
Носелацрни хулахопки, црна маица без ракави на која пишуваше „Stand Up To Cancer“ и апостолки. Не носела шминка, а косата и беила пуштена.
Многумина веруваат дека 54-годишната актерка има посакувана фигура и е во топ форма. Анистон посветува посебно внимание на тренинзите бидејќи пред неколку години го повреди грбот на еден од непрофесионалните тренинзи. Таа еднаш откри дека сега ужива во лесни вежби.
„Се будев неколку часа пред работа само за да вежбам кардио. Бев убедена дека морам да имам болки или да бидам на работ на онесвестување, но сето тоа беше погрешно. Забележав дека некои делови од моето тело сега се убаво дефинирани , што порано не беше случај“, признала познатата актерка.
„Не се важам, но кога одам на лекар на физички преглед, моите телесни масти се пониски од било кога и тежам повеќе од кога било, така што тоа само ви покажува дека навистина сте се потрудиле“, додаде таа.