На луѓето не им се верува дека оваа жена има 92 години, бидејќи изгледа барем двојно помладо.
Таа има 92 години и е горда госпоѓа која го цени своето тело и изглед.Џоан Вудхаус го покажува тоа и на социјалната мрежа ТикТок, каде што ја следат повеќе од 32.000 луѓе.
Таа открива дека тајната на нејзиниот младешки изглед лежи во нејзината способност да го прифати стареењето без преголеми грижи.
Енергичната 92-годишна дама станала популарна меѓу луѓето кои се воодушевени од нејзиниот младолик изглед. Многумина сугерираат дека изгледа најмалку 30 години помладо од своите реални години. Користејќи го ова внимание, таа сега објавува досетливи видеозаписи каде што ги открива своите бесценети совети и трикови за одржување на безвременски сјај.
Во едно од последните видеа, бабата Џоан, која има 18 внучиња и 10 правнучиња, искрено ја споделила својата мудрост со повеќе од 33.000 следбеници. Нејзиниот совет е директен: дајте им предност на благосостојбата и задоволството, така што ќе се ослободите од грижите. Таа рекла:
„За да бидете среќни, мора да престанете да се грижите. Мислам, смешно е! Грижите се штетни – стареењето се случува само ако се грижите. Па, зошто воопшто се грижите? Тоа само еден обичен живот.“
Бабата Џоан, која моментално живее во Шпанија со партнерот, исто така ја споделила својата конечна животна лекција:
„Ако уживаш во животот, ќе изгледаш како мене.“
Својата одлична фигура, Џоан Вудхаус ѝ ја припишува и на својата исхрана. Таа открила дека никогаш не се ограничувала со диети, наместо тоа, ја консумирала храната што ја сака.
„Не следам никакви глупави диети. Го јадам само тоа што го сакам и тоа што ме прави среќна“.
Обожава англиска храна, но сега повеќе јаде салати, бидејќи живее во потопли краишта. Па така, таа признала дека се откажала од питите!
„Годините се само бројка! Ја одржувам младоста така што сум позитивна и јадам што сакам. Тоа ме прави таква каква што сум“, заклучила таа.