Според неофицијални информации Владимир Којо загинал откако бил удрен од коњ на хиподром.
Српските медиуми јавуваат дека Владимир починал по несреќа на белградскиот хиподром. Коњот го соборил јавачот, а братот на Којо притрчал да го запре животното. Во тој момент коњот го удрил и му нанел сериозни повреди, по што Владимир починал во болница.
Никола Којо и остатокот од неговото семејство се простија од Владимир со некролог во кој беше наведено дека погребот ќе се изврши денеска.