Новак Ѓоковиќ го совлада Аргентинецот Педро Качин со 3:0 во сетови во првото коло од Вимблдон.
На Ѓоковиќ од неговата ложа го бодреа Горан Иванишевиќ, Чарли Гомез Ерера, Марко Паники, Милјан Амановиќ, Јелена Ѓоковиќ, децата и една „мистериозна“ жена.
Станува збор за дадилката на семејството Ѓоковиќ која се грижи за Стефан и Тара, а во живо таа го гледала и завршниот мастерс во Торино.
Новак и Јелена не сакале да го доверат чувањето на нивните деца на било кого, па според некои информации тие детално ги проверувале сите детали за дамите кои се пријавиле за веројатно исклучително добро платената работа.
Наводно биле клучни препораките од други работодавци, но и познавање на јазикот, како и самата педагошка работа.
На крај тие успеале да ја најдат дамата која се вклопува во сите тие карактеристики, а дадилката со текот на времето станала вистински дел од семејството Ѓоковиќ, па децата навистина ја обожуваат.
Оваа девојка често патува со нив, успеала да се приспособи и на постојаните патувања кои се реалност на професионалниот тенисер.
Долго време немавме можност да видиме ниту една фотографија од дадилката, а првпат била фотографирана во Торино, додека сега се наоѓа и на Вимблдон.
Многумина се воодушевени од нејзината убавина, иако нејзиниот идентитет сѐ уште не е познат во јавноста.