Џенифер Лопез (53) важи за една од најубавите пејачки и актерки на светот.Познато е дека за нејзиниот изглед се заслужни макотрпните тренинзи и совршено организираната исхрана на која е верна. Нејзин заштитен знак дефинитивно е задникот, а интересно е што Џеј Ло ја осигурала на 27 милиони долари!
Најновите фотографии од Холивуд ги преплавија мрежите. Џенифер Лопез се фотографирала за кампања, во издание кое никого не остави рамнодушен. Латино дивата позирала во тесен долг зелен фустан, задникот и бил во преден план, а под фустанот не носела ниту градник.
Масивната позадина ги натера фановите да ги зумираат фотографиите, а следеа и бројни коментари. „Каков задник!?“, „Честитки за неа“, „Ова се вика задник“, напишаа…