Мик Џегер (79) се вери со својата девојка Мелани Хамрик (36), како што објави Дејли Мејл. Mинатата недела Мелани беше видена со голем прстен на раката, а иако тврдела дека тоа е веренички прстен, нејзините пријатели дури сега потврдија дека се вериле.
Мелани ја сподели среќната вест со нив на патување во Њујорк.
– Мелани беше во Американскиот балетски театар и им кажуваше на пријателите дека е свршена со Мик. Таа беше многу јасна дека тоа е веренички прстен и дека сега е негова вереница. Нејзиното семејство знае дека се свршени и се пресреќни. Немаат планови за свадба, но веридбата и значи многу на Мелани. Сите нејзини пријатели се среќни за неа“, изјавил извор за Mirror.
Мик и Мелани се собраа на отворањето на сезоната на Американскиот балетски театар каде многумина го забележаа нејзиниот дијамантски прстен.
Двојката се запозна во 2014 година, на концертот на Џегер во Токио. Пријателите на пејачката открија дека двајцата се во отворена врска, а пред шест години го добија синот Деверу.
Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука. Претходно извор за американските медиуми откри детали од нивната врска.
– Мик целосно се промени. Често менуваше девојки. Сепак, Мелани и Деверу одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен – рече тој.