Американскиот претседател Џо Бајден ја напуштил програмата во живо пред водителката да успее да ја одјави емисијата и да најави реклами.
Камерите останаа уклучени кога Џо Бајден одеднаш стана, ја подаде раката на водителката Никол Валас, која му се заблагодари што ѝ дал интервју, а потоа незгодно си замина.
„Не одете никаде“, им рече Валас на гледачите на MSNBC додека Бајден поминуваше зад неа.
Невообичаено е гостите да го напуштат сетот пред домаќинот да објави пауза за реклами.
Видеото на кое Бајден си заминува, очигледно несвесен дека програмата е во живо, брзо стана вирална.
Многу корисници на социјалните мрежи коментираат дека најстариот претседател во историјата на САД брза да стигне некаде.
– Трча во тоалетот? Бајден станува од своето место пред да почнат рекламите и несмасно си заминува – шпекулираше Николас Фондакаро, соработник уредник на Центарот за истражување на медиумите.
– О Боже! Џо Бајден е навистина изгубен, напишал на Твитер медиумскиот и политички консултант Џим Фаф.
Инаку, Бајден во 20-минутното интервју најмногу зборуваше за неодамнешните одлуки на Врховниот суд.
– Огромното мнозинство од американскиот народ не се согласува со многу одлуки што ги носи овој суд – рекол американскиот претседател.
Претседателот Џо Бајден (80), да потсетиме, ги шокираше новинарите пред неколку дена кога ја напушти Белата куќа со видливи траги на лицето откако почнал да користи CPAP-апарат за лекување на апнеја при спиење.