Вирџил Ван Дајк е еден од најпознатите и најуспешни фудбалери на денешницата и репрезентативец на Холандија.
Тој пред неколку години пристигнал во Ливерпул во трансфер вреден 75.000.000 евра од Саутемптон и од тогаш станал најмоќниот играч кај тренерот Јирген Клоп. Меѓутоа, неговата фудбалска кариера во Велика Британија започнала со огромен скандал.
Во 2013 година стигнал во Селтик од Гронинген за 2.600.000 евра. Него друштво му правела вереницата и идна сопруга Рика Нојдегат. Тие двајца биле неразделни од средно училиште, никој не можел да се посомнева во нивната љубов.
Синооката Рика во Холандија работела како менаџер на модни брендови. Кога нејзиниот избраник добил можност да премине во Селтик таа дала отказ, за да останат заедно.
„Ми се допаѓаше работата, но заминав со мажот којшто го сакам“, објаснила Рика.
Првите шест месеци во Шкотска биле совршени. Ван Дајк играл прекрасно и со Селтик одел кон титула, а Рика објавила дека е бремена. Идните родители своето среќно време го забележале и со фотосесија, а шкотските медиуми ги прогласија за идеално семејство.
Но, се докажало дека цело време Ван Дајк водел дупли живот. Сопругата која го сакала и која му била верна со месеци ја изневерувал со британската порно актерка Џорџија Лајал.
Таблоидот „The Sun“ во 2014 година напишал и вест за нив двајца со нивни заеднички фотографии. Аферата била објавена јавно, па настапила криза во семејството на фудбалерот.
Џорџија Лајал била седум години постара од Ван Дајк во тоа време имала 29, а тој 22. Уште тогаш била топ актерка во индустријата за филмови за возрасни, со голема репутација.
Британските таблоиди го истражувале неверството на фудбалерот и дошле до податоци дека фудбалерот порно актерката ја запознал во февруари 2014 година во време кога неговата сопруга Рика ја објавила веста дека е бремена. Тој имал посебен телефонски број и телефон со кој се допишувал со Џорџија. Тој неа ја носел дома, додека Рика била отсутна.
„The Sun“ потоа стигнал до тие пораки и ги објавил. Скандалот бил преголем, фудбалерот и неговото неверство биле главна вест во Шкотска и Англија.
Нивната врска завршила кога порно актерката во една прилика во неговата куќа ги видела играчките за бебе и количката, не знаела дека сопругата на Ван Дајк е пред породување.
„Вирџил не ја почитува мајката на своето дете. Кога ме повика дома, морав да поминам покрај количката за бебе. Не множев да верувам дека така се однесува кон неа и кон мене. Ме искористи само за да ја задоволи својата желба“, изјавила Џорџија за англиските медиуми.
Сепак неверството на фудбалерот не го уништиле неговиот брак со Рика Нојдегат. Таа се породила во септември 2014 година и ја родила ќерката Нил, а неколку години подоцна и ќерката Џади.
Рика не сакала да зборува во медиумите за својот приватен живот и односот со фудбалерот.