Русинка која на TikTok се претставува како ‘Bonawow’ одговараше на прашањата на нејзините следбеници на социјалната мрежа TikTok, а едно од нив беше – како да го освоите срцето на млада Русинка во Белград?
Убавата Русинка понуди многу интересен одговор.
„Знаете како, нашите девојки што дојдоа овде, навистина се изненадени како еден балканец се однесува со жените. Тие очекуваат некои работи што треба да ги направи мажот, да освои девојка, да се потруди, а тука мажот не направи ништо. Така да тоа е проблем. Мој совет е да внимавате, праќај те ѝ цвеќе, а не само да ја викате на кафе…“ прокоментира Русинката.
Изгледа дека многу од мажите кои ја следат се почувствувале повикани и напишале навредливи коментари за неа. Следбениците, пак, застанаа во нејзина одбрана и рекоа дека се согласуваат со тоа што го зборува.