Франција е во шок откако се откри морничавото злодело на Доминик П., кој е обвинет за тоа што 10 години ја дрогирал својата жена, а потоа ја снимал додека ја силувале различни мажи. Несреќната жена не била свесна што ѝ се случува, со оглед на тоа што била под тешка наркоза. Ако ѝ поминело некое сеќавање низ глава, мислела дека тоа е дел од некој нејзин кошмар.
Доминик П., наводно, ставал во нејзината вечера лек против анксиозност во периодот од 2011 до 2020 година, а потоа доведувал различни мажи да ја силуваат. Инсистирал да го прават тоа без кондом, па несреќната жена имала неколку тешки полово преносливи болести.
За време на тие силувања, мажот снимал сѐ користејќи скриена камера, а снимките ги чувал кај себе.
Судството им влегло во трага на 51 маж, на возраст од 26 до 73 години, кои ја силувале оваа жена, а на јавноста не ѝ било јасно каде е вината на нејзиниот сопруг, кој упорно тврдел дека ја сака својата сопруга и дека таа е светица.
Доминик ги барал силувачите преку форумот „Без нејзино знаење“, а кога ќе стапел во контакт со нив, барал да се паркираат подалеку од куќата и да не користат јаки парфеми или тутун од цигари за да не ја разбудат.
Ниту еден маж не одбил да блудничави врз неговата жена, иако биле свесни дека таа е дрогирана.
„Тоа е негова жена, тој може да прави со неа што сака“, изјавил еден од мажите обвинет за силување.
Се очекува дека Доминик П. ќе добие околу 20 години затвор, а несреќната жена покренала бракоразводна парница.
Двојката има три деца.