Џулија Робертс прошета на црвениот тепих на премиерата на филмот „Нотинг Хил“ во 1999 година, и тогаш беа создадени фотографиите за кои се зборува и денес, повеќе од 20 години подоцна.
Актерката конечно откри за што станува збор, со оглед на тоа што влакната под пазувите ѝ се исклучително долги и многумина се прашуваат дали на тој начин искажува одреден политички став… Но еве што всушност се случило
-Едноставно, не ја проценив добро должината на ракавот, заборавив дека ќе морам да мавтам и на тој начин открив нешто интимно кај себе. Значи, не станува збор за политичка порака, искрено одговори актерката.