Витките нозе на првата дама на Франција и во осмата деценија во прв план (ФОТО)

by Тони Зографски

Француската претседателски двојка, Емануел и Брижит Макрон, во вторникот во Елисејската палата во Париз го угостиле корејскиот претседателски пар, Јун Суј Јела и Ким Кон Хи.

Првата дама на Франција и првата дама на Јужна Кореја разговарале за зајакнување на културните и уметнички размени на овие две земји, а и двете се определиле за деловни, елегантни модни изданија.

Brižit Makron, Emanuel Makron

Убавата Корејка, која верувале или не има 50 години, се определила за црно-бела комбинација, одбирајќи да носи црно, асиметрично здолниште на преклоп и совршено скроено сако.

Но, како и секогаш, Брижит ја однела победата во овој моден дуел, благодарение на едноставноста и отменоста кои, како и на поголем дел од Французинките им се добро познати.

Оваа 70-годишна жена има навистина голем вкус кога станува збор за облекувањето, па ретко кога прави грешки.

Знае кои бои и какви кроеви ѝ прилегаат, па многу ретко отстапува од тој шаблон. Познато е дека Брижит е фан на неутралните, односно ненападните нијанси, како сива, бела, црна и тегет боја, а истите навистина ѝ одговараат на нејзината боја на коса и тен, па со години во нив се појавува.

Овојпат госпоѓа Макрон избрала да носи едноставен фустан, со рамен крој и должина до над колената, а истиот бил бел. Фустанот го красел појас во пределот на струкот, но само на задниот дел, додека на предниот дел имал две сребрени, кружни плочки.

Оваа креација е во стилот на 60-те години, а веќе на прв поглед се гледа дека е многу квалитетна, па остава моќен впечаток. Брижит стајлингот го надополнила со беж салонки кои визуелно ја издолжувале нејзината фигура.

Самиот модел на фустан е лесен за комбинирање и одличен избор за дамите во зрели години кои можат да се пофалат со долгите, витки нозе.

Brižit Makron, Emanuel Makron, Jun Suj Jela, Kim Kon Hi

останати вести