Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се на одмор со суперјахтата на фудбалерот, и тоа на италијанскиот остров Сардинија.
Но, додека на Инстаграм објавите изгледаат среќно и вљубено, папарацо фотките покажуваат друга реалност.
И двајцата се во топ форма – Џорџина изгледа совршено во темнозелени танга бикини, а Роналдо го покажа мускулестото тело со бели боксерки.
Со нив се и нивните деца, но се чини дека само тие се забавуваат.
На заедничките фотки, Роналдо и Џорџина не се ни погледнуваат еден со друг, а на една фотографија Џорџина изгледа тажно и замислено.
По сончањето на палубата, Роналдо возеше глисер, а Џорџина се качи на вториот кат од јахтата.