39-годишната Жизел Азуета веќе неколку години работи на суперјахта, каде често им служи на милијардери.
Рекла дека оваа работа е добро платена, но и стресна, пренесува Метро.
Таа признава дека наишла на навистина чудни и бизарни барања од гостите.
„Еден гостин му предложи на член на екипажот да изврши нужда на стаклена маса додека тој лежи под неа, а тој ќе му плати за тоа 10.000 долари. Друг гостин сакаше една од хостесите да стои во аголот цело време и да го гледа додека тој вечера“, се присети Жизел.
„Секое барање, без разлика колку е чудно или лудо, наша должност е да го исполниме“, додаде таа.
Таа тврди дека работниците на суперјахтите никогаш не смеат да ги одбиваат барањата на гостите сѐ додека тие не се сексуални или го загрозуваат здравјето на екипажот.
„Сопствениците на суперјахтите исто така велат дека екипажот мора да одговара на нивната јахта, луѓето треба да бидат убави како нивната јахта. Затоа гледате многу млади и убави луѓе во оваа индустрија, условот е да мора да бидете фит. “, објасни Жизел, која ги остварува повиците, организира и планира настани и се грижи за администрацијата и сметките.
“Тоа е многу добро платена индустрија, а исто така е и многу површна индустрија. Но, сите неверојатни места, глетки, зајдисонце, луѓето што ги среќавате од различни делови на светот, прават сето тоа да вреди”, заклучила таа.