Девојката поради која беше разрешен градоначалникот на албанскиот град Кукс, Сафет Ѓичи, всушност е „агент провокатор“ преку кој криминална група изнудувала пари од фунцкионери и бизнисмени. Групата изнудувала под закана дека ќе објави експлицитен материјал во јавноста.
Полициски извор откри дека девојакта се вика Алма Кучи се среќава со високи функционери, политичари, познати личности и бизнисмени.
Потоа ги заведува, ги снима и групата зад неа потоа ги уценувала жртвите.
Првиот човек на општина Кукс беше разрешен по објавувањето на видеото каде во канцеларијата на општината има орален секс, со дотичната девојка.
Сега веќе поранешниот градоначалник пастув не можел да одолее на провокациите на девојката која влегла во неговиот кабинет, убаво облечена, заводлива и и се предал како напатена робинка, пишуваат албанските медиуми.
Несомнено, Алма Качи влезе во кабинетот на Ѓичи за да му ја земе снимката која ќе му ја уништи кариерата. Јасно се види дека камерата била ставена во нејзината чанта, оставена пред масата на која се случил сексуалниот чин.
Неофицијални извори посочуваат дека девојката е добро обучен агент, за да ги истакне невоздржаните страсти на високите функционери.