Поранешната водителка и секс симбол Сузана Манчиќ, која своевремено го красеше магазинот „Плејбој“, призна дека имала одредени фази во односите кога играла валкано.
-Не ги изневерував баш сите, понекогаш косата ми се крева на глава кога ги гледам сите наслови. Но, што да се прави? Добро, изневерував, па што, но не до тој степен да испаднам лута неверница – рече поранешната Лото девојка, а пренесуваат српските медиуми.
Сузана, сепак, на сите им стави до знаење дека никогаш не изневерувала ако врската била стабилна.
Кога сакав, бев верна. Кога горев од љубов, не ми паѓаше на ум да погледнам лево или десно, а можеби и требаше – смета Манчиќ.