СВАДБА СО СИТЕ АДЕТИ: Трифун Костовски го ожени најмалиот син Филип (ФОТО)

by Тони Зографски

Викендов се ожени најмладиот син на бизнисменот Трифун Костовски, Филип Костовски со својата догогодишна девојка Софија Кузмановска.

„Почитувани пријатели, го дочекав денот кога и мојот најмал син Филип стапи во брак со прекрасната Софија Кузмановска. Свадбата беше организирана согласно традиционалните обичаи на нас, Македонците од православна христијанска вероисповест. Зурли и тапани во мјот дом, во домот на семејството Кузмановски кога по старите обичаи моравме да ја „купиме“ невестата и да продолжиме со венчавка во црквата Пресвета Богородица. Чин кој што силно ме возбуди и ме врати во некои дамнешни времиња. Јас ја почувствував привилегијата на обичаите мои, Македонски да бидат повторно чевствувани, ама овој пат во нова цивилизирана и софистицирана атмосфера. Регистрацијата и свадбата во присуство на повеќе од 350 гости се одржаа во винаријата Камник. Посакувам секој од вас мои пријатели да го доживеете овој чин кој ќе ве врати во младоста и ќе ве просветли во животот. Мудроста меѓу нас повозрасните доаЃа токму од животот и искуството на животниот пат кој сме го поминале. Да се радуваме на секој божји ден кога има веселби, венчавки, крштевки.“  напиша Трифун на Фејсбук.

Можно е да е слика од 2 луѓе, осветлување и Венчавка

Можно е да е слика од 5 луѓе и Венчавка

Можно е да е слика од 7 луѓе, Венчавка и текст

Можно е да е слика од 5 луѓе и Венчавка

Фото: Фејсбук

останати вести