Данијела Мартиновиќ изгледа заводливо и во шестата деценија. Среќна и опуштена, убавата сплиќанка ужива во својот одмор на Јадранското Море.
Хрватската пејачка на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира во бикини во скриен залив на Јадранот. Но, не открива кој и прави друштво.
Заедно со снимката од море, таа го додаде и текстот на песната „Море снова“ од музичарот Теди Спалато.
Инаку, пејачката на почетокот на месецот објави фотографија со новото момче, полицискиот инспектор Јосип Плавиќ, со кој позира за промоција на својата книга.