Вера Ванг покажува дека возраста не треба да го диктира начинот на кој се облекуваме. 73-годишната дизајнерка повторно се појави во младешки стајлинг и беше во фокусот на многу коментари.
На доделувањето на наградите „The Fragrance Foundation“, славната креаторка носеше црна комбинација од здолниште со тул.
Уште еднаш се наметнува прашањето: Како е можно во осмата деценија да изгледа толку младо?
Во една прилика на прашањето како успева да изгледа така на тие години, одговорила: „Работа, сон, коктел со вотка и избегнување сонце“.
Вера не крие дека деновите ги поминува трчајки на трака и дека јаде многу малку.