Пејачката Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил ја покажа првата летна фотографија за оваа година.
„Денес сме романтични“, напиша таа во описот на фотографијата.
Следбениците, како и обично, почнаа да ја фалат во коментарите.
„Ма, каква Џеј Ло и останати, ова е дама“, „Морска сирена во природно опкружување“, Преубава си„- се само дел од пофалбите од фановите.
Инаку, витката фигура и младоликиот изглед Нина му го должи на Новак Ѓоковиќ кој ја инспирирал.
-Долго време ја пратам исхраната на Новак Ѓоковиќ и навистина ми помогна. Се чувствувам одлично, полетно, бистро и силно и на сите би им препорачала да со здрава исхрана си го засилат имунитетот, а со тоа и колограмите сами ќе се топат – напиша Нина на Инстаграм.