ТАЖНА ВЕСТ ОД КЕЛН: Почина новинар на кого му се слоши за време на финалето во ракометната ЛШ

by Тони Зографски

Големото славје поради сензационалниот триумф на „домашниот“ Магдебург, но и целокупната еуфорија поради фантастичниот ракомет на целата завршница од Лигата на шампионите (ЛШ) на крајот остана во сенка на голема трагедија – смртта на еден од новинарите присутни на големото финале.

Станува збор за Павел Котвица, кој работеше за полскиот портал „Ехо Днија“, а кој колабира кон средината од второто полувреме во вчерашното финале помеѓу Магдебург и Кјелце. Поради тоа средбата беше прекината речиси половина час, додека му се укажуваше лекарска помош, по што тој беше пренесен во болница.

Предводниците на европскиот ракомет тажната вест ја соопштија по поделбата на медалите на најдобрите, а во негова чест ја откажа традиционалната прес-конференција по битката за европскиот трофеј.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com