Викторија де Анџелис е најпозната како басистка и текстописец на групата Манескин. Поради тоа што е единствената девојка во групата, обожавателите очекувале таа да открие дека е во љубовна врска со еден од момците од бендот: Дамијано, Томасон или Итан.
Иако Викторија е слободна кога станува збор за односот со колегите, често може да се види како се бакнува со нив, сепак таа негирала било каква врска со некој од нив.
Очигледно дека на Викторија ѝ здодеало да ги демантира приказните кои ја поврзуваат со некои од трите момчиња со кои практично живее затоа што бендот од 2021 година константно е на турнеи, па сега се одлучила за радикален потег.
Имено, папарацо фотографите успеале да ја фотографираат топлес на Ибица како се бакнува со жена.