Моделот Делајла Бел Хамлин пред неколку дена го прославила својот 25-ти роденден на луда забава во западен Холивуд. Атрактивната русокоса беше во центарот на вниманието со оглед на тоа дека била славеничка, но решила целата ситуација да ја „зачини“ со многу интригантен фустан.
Оваа девојка, инаку ќерка на реалити ѕвездата Лиса Рина и актерот Хари Хамлин, пристигнала на својата забава во исклучително провокативно издание на кое ретко кој останал рамнодушен. 25-годишната манекенка избрала слип модел на фустан со миди должина, а оваа креација би била многу шик доколку не била делумно проѕирна. Имено, дел од фустанот бил изработен од црна, лелеава ткаенина, додека другата половина била целосно проѕирна, проткаена со детали во беж боја.
Јасно се гледало дека Делајла под оваа тоалета носи црни танга гаќички, додека воопшто не носела градник, без срам покажувајќи ги своите гради. На папарацо фотографиите пред клубот, манекенката позирала со црна кожна јакна која ја спуштила до лактите, откривајќи ја сета магија на оваа креација.
Делајла, која дебитираше на Модната недела во Њујорк во 2016 година, го заокружила изгледот со златен накит и црни сандали со ременчиња.