КРВ НАСЕКАДЕ: Огромна птица ја пробила пилотската кабина (Вознемирувачко видео)

by Тони Зографски

Пилот од Еквадор снимил шокантен момент за време на лет кога огромна птица ја пробила шофершајбната и влетала во кабината.

Инцидентот е снимен за време на лет над провинцијата Лос Риос, а на видеото се гледа мртвата птица заглавена во стаклото по судирот со леталото.

Дамки од крв може да се забележат и на комбинезонот на пилотот Ариел Валиенте, чие лице е облеано во крв.

И покрај судирот, Валијанте успеал да ја одржи стабилноста на авионот.

Засега не е познато со кој вид птица се судрил Валијанте.

останати вести