Англичанецот Кајл Бароу загина кога удри во палма додека се возеше на скутер на својот прв одмор во Анталија, Турција.
Овој 27-годишник од Манчестер патувал од градот Сиде до Кумкој, оддалечен 80-ина километри.
Лекарите кои пристигнале на местото на несреќата можеле само да констатираат смрт кај младиот човек.
Пријателите го опишаа како легенда, „човекот што ја држеше целата група“.
Во спомен на својот пријател пријателите на Кајл го истетовирале неговиот датум на раѓање и смрт на подлактницата.
Како што објави „Дејли мејл“, Кајл изгубил контрола над скутерот и удрил во палма.