Управникот на мртовечницата на Медицинскиот факултет Харвард и уште три лица се обвинети за купување и продавање на украдени делови од човечко тело.
Седрик Лоџ наводно ги зел „главите, мозоците, кожата и коските“ на трупови донирани на Медицинскиот факултет и ги продавал преку интернет.
Според обвинението, тој и неговата сопруга Дениз продавале делови од телото на купувачи во Пенсилванија и Масачусетс од 2018 до 2021 година, пишува Би-Би-Си.
Им дозволил да влезат во мртовечницата и да ги прегледаат труповите
Студентите од Харвард практикуваат медицински процедури на донирани тела.
После тоа, телата често се кремираат, а посмртните останки им се враќаат на нивните семејства или се погребуваат на медицинските гробишта на универзитетот, се вели во обвинението.
„Понекогаш, Седрик Лоџ дозволуваше други да влезат во мртовечницата на Медицинскиот факултет на Харвард за да ги прегледаат труповите и да одлучат што да купат“, се вели во соопштението на американското обвинителство.
Во обвинението се наведува дека меѓу купувачите биле и Катрина Меклин од Салем, Масачусетс и Џошуа Тејлор од Вест Лоун, Пенсилванија.
Делови од телото купил сопственик на „готска“ продавница
Во октомври 2020 година, Меклин наводно купила расчленети човечки лица за 600 долари, кои имала намера да ги обработи во кожа.
Таа е сопственичка на Kat’s Creepy Creations, продавница која е специјализирана за трансформирање на кукли во готски и хорор стилови.
Во обвинението стои дека таа во трговијата складирала и продавала делови од човечко тело.
Тејлор, наводно, извршил 39 уплати на сметката на администраторот на мртовечницата во период од четири години за да купи човечки останки, во вкупна вредност од повеќе од 37.000 долари.
Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со затворска казна до 15 години.
Denise Lodge, 43, of Goffstown was silent as she left the federal courthouse in Concord. Her husband, Cedric Lodge, 55, is accused of stealing body parts from the Harvard Medical School morgue. They’re charged in a connection with an alleged conspiracy to sell the remains. pic.twitter.com/UOzzQuVooG
— Steven Porter (@reporterporter) June 14, 2023