Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 23-та грен слем титула во кариерата и веќе е на заслужен одмор. Имено, најдобриот светски тенисер со сопругата Јелена од Париз со приватен авион се упати на одмор на португалскиот остров Сао Мигел.
Претходно, еден ден по големиот успех на „Филип Шатрие“ и победата над Каспер Руд, Новак позираше со освоениот трофеј во Париз за сите присутни медиуми во Париз, но добил посебна чест и од вработените во хотелот во кој бил сместен.
Сите вработени во хотелот исценирале шпалир во чест на големиот грен слем шампион, кој останал трогнат и не го криел воодушевувањето од преубавата сцена.
https://twitter.com/i/status/1668885277404803072