САЛМА ХАЕК ВО БИКИНИ: Холивудска глумица на 56-години покажа секси тело (ФОТО)

by Тони Зографски

На 56-годишна возраст Салма Хаек има тело на кое би ѝ позавиделе жените на половина од нејзината возраст.

Таа на Инстаграм сподели фотографија на која се излежува на брод во сиви бикини и покажа дека е во одлична форма.

На „Инстаграм“ профилот на актерката, оваа објава за помалку од 1 час собрала околу 200.00 лајкови, а позитивните коментари само пристигнувале:

„Какво тело, ѝ завидувам!“, „Вака изгледа убава и негувана жена, честитки“, „Една од најжешки актерки на денешницата“, „Природна убавина“ – ова биле само дел од комплиментите кои актерката ги добила како од мажите, така и од жените.

Ако се прашувате која е тајната на нејзината линија, важно е да знаете дека таа не е љубител на теретана или традиционални вежби. Таа го движи своето тело на различни начини.

“Правам ресторативна јога, која ги одржува мускулите активни во текот на целиот ден. Така, дури и кога ги четкате забите, ги обработувате мускулите”, изјави таа за списанието People.

останати вести