Далиа Наем (29) од Багдад потрошила илјадници долари на пластични операции за да личи на популарната кукла Барби.
Далиа е водителка и актерка во својата татковина Ирак, а на Инстаграм редовно споделува видеа од своето лице, покажувајќи ги најновите интервенции.
На споменатата социјална мрежа има повеќе од 990.000 следбеници, а многумина од нив не можат да поверуваат колку се променила низ годините откако ја започнала својата трансформација.
Далиа не крие дека била многу упорна во постигнувањето на својот изглед од соништата, а досега се оперирала дури 43 пати.
Така, Далиа неколку пати го оперирала носот, ги подигнувала капаците, ставала филери во образите и усните, а како што изјавила и самата, нема намера да престане.
Исто така, отишла и на бразилско подигнување на задникот, а многумина коментираат дека извадила неколку ребра за да го добие карактеристичниот „Барби струк“.
Сепак, мислењата на луѓето за нејзината напорна работа на себе се поделени. Додека едни го фалат и го поддржуваат нејзиниот начин на разубавување, други велат дека претерала и дека повеќе личи на зомби отколку на барбика.
„Ова е болно“, „Личиш на наказа, а не на барбика“, „Изгледа како од хорор филм“, „Престрашно, ќе се распадне за некоја година“, се само некои од коментарите под нејзините објави.
Сепак, се чини дека Далиа не обрнува многу внимание на сите негативни коментари што секојдневно ги добива.
Најголемиот дел од своите операции ги направила во Австралија, а со оглед на тоа што повеќето доктори одбиваат да ѝ прават нови интервенции, моментално е зафатена со барање меѓународни клиники за да продолжи да работи на остварувањето на својот сон и да биде иста како Барби!