Ешли Греам е најпознатата полничка манекенка во светот. Освен на модните писти, манекенката е активна и на социјалните мрежи, каде што често зборува за проблемите со кои се соочува, за мајчинството, но и за односот кон сопственото тело.
Иако често нагласува дека настојува да им се прикаже на своите следбеници таква каква што навистина е, без разубавување, нејзините фотографии без Фотошоп изненадија многумина.
Така, пред неколку дена била фотографирана додека била на одмор во Сен Тропе, а друштво ѝ правел сопругот Џастин Ервин и пријателите.
Ешли опуштено уживала во возењето со гумен чамец, а за оваа пригода одбрала дводелен костим за капење. Длабокиот долен дел во ретро-фазон го комбинирала со тигрест горен дел, а нејзините облини биле во преден план.
Таа гордо ги покажува своите облини, многумина ја сметаат за најубавата манекенка со вишок килограми, па не ѝ недостасуваат работни понуди, а својата кариера моментално ја тргнала малку на страна, бидејќи сака што повеќе да ужива во мајчинството.
На едни им се допаѓа нејзината самодоверба, додека други потенцираат дека не би требало така гордо да парадира каде и да се појави, имајќи ги предвид нејзините килограми (92).
Греам често е на удар на критики поради својот изглед, а суровите коментари не изостанаа ни кога беше бремена.
Манекенката тогаш позираше гола и беше нападната со коментари дека на тој начин не прикажува ништо убаво и дека не треба да пропагира дебелина. Инаку, тоа не беше првпат да позира гола. Позната е по тоа што се залага за body positivity и самољубие, без оглед на изгледот и килограмите.