80-годишниот актер Харисон Форд е фотографиран со неговата 22 години помлада сопруга Калиста Флокхарт.
Парот во друштво на пријатели разговара пред ресторанот Виа Венето во Санта Моника, кој е едно од омилените места на многу познати личности.
Тие излегле во лежерно издание, а папараците ги снимиле пред ресторанот додека Форд и неговата сопруга се збогуваа со пријателите. Познатиот актер во еден момент ја прегрна и Калиста.
Инаку, Харисон и Калиста беа во врска 21 година, а во брак 13. Претходно Форд беше во брак со Мери Маркарт од која се разведе во 1979 година, а во 1983 година се ожени со Мелиса Матисон од која се разведе во 2004 година.