Фронтменот на групата „Нокаут“, Никола Перевски – Пере и неговата сопруга Јована Темелковска станаа родители на уште едно девојче.
“Ирис се роди. Ваистину се роди уште едно трилече“, напиша Пере, објавувајќи ја првата фотографија од неговата ќеркичка.
Тој со сопругата Јована, се родители на Софија која има две и пол години, а од првиот брак пејачот има уште две ќерки, Михаела (25) музичарка и пејачка и Каја (16).