Мајка и тато одлучија дека повеќе нема да го пуштаат нивниот син да живее бесплатно во нивната куќа, откако тој им забранил да присуствуваат на неговата венчавка од страв да не го засрамат пред семејството на неговата свршеница, пренесува Mirror.
За повеќето семејства, свадбата е посебна прилика да се слави со оние кои им значат најмногу. Но, родителите на еден младоженец добиле непријатно изненадување кога тој им рекол дека не можат да дојдат на неговата свадба бидејќи семејството на неговата свршеница сметало дека тие не се доволно добри за да присуствуваат на церемонијата.
Неговите родители останале во шок, а вознемирениот татко сега планира да ја продаде куќата во која бесплатно живее неговиот син. „Бидејќи не не сака во неговиот нов живот, мора да си амине“, напишал тој на Редит и побарал совет.
Во својата објава, таткото објаснил дека тој и неговата сопруга купиле втора куќа за нивниот син да живее за да биде поблиску до факултетот и откриле дека финансиски му помагале додека студирал.
Тој рекол дека го плаќаат данокот на имотот, плус сите трошоци за одржување, додека нивниот син, кој не плаќа кирија, се грижи за комуналиите. Оваа добро воспоставена практика продолжила и откако свршеницата на синот се вселила во куќата. Но, проблемите настанале кога заљубените гулаби ги собрале своите семејства на скара за да се сретнат.
Таткото рекол дека неговата сопруга и ќерката, синот и неговата вереница и нејзиното семејство биле на настанот. Меѓутоа, мајката и сестрата на младоженецот само неколку минути по пристигнувањето заминале дома вознемирени бидејќи им било кажано дека нивниот син, неговата свршеница и нејзиното семејство не ги сакаат на свадбата.
„Од она што ми беше кажано ‘не сме такви луѓе со кои се дружат’. Бев бесен, му се јавив на син ми и го прашав за што се работи. Тој ми кажа дека семејството на неговата вереница мисли дека не сме доволно добри и дека би ги посрамотиле на семејната свадба и затоа не сме добредојдени“, напишал таткото.
„Оставив да помине една недела да се смирам, а потоа отидов да го посетам син ми и открив дека со нив се моите идни роднини. Изгледа сите се вселија во куќата. Ме прашаа зошто сум таму и им кажав дека бидејќи не бевме поканети на свадба, дојдов да разговарам со син ми“, рекол тој.
„Ми рекоа да ја напуштам нивната куќа. Толку се налутив што им реков дека имаат 30 дена да се иселат и му кажав на син ми дека ја продавам куќата и да бара друга да живее со сите нив. Им реков дека веднаш ќе одам кај агентот да ја огласам куќата за продажба“, истакнал таткото на младоженецот, а потоа ги прашал уредниците дали згрешил што го направил тоа.
Илјадници луѓе зборувале во коментарите, а многумина застанале на страната на родителите на младоженецот.
„Така треба! Нема оправдувања на светот што ќе го оправдаат тоа што го направил вашиот син. Толку е токсично. Нема причина зошто би дозволил некој да го исфрли неговото семејство“, „Можев да разберам дека можеби не сте поддржувале или дека имало проблеми во вашата врска, но според она што го прочитав, ме збунува зошто воопшто би го направил тоа“, беа само дел од коментарите.