Џен Варнес е тиктокерка од Калифорнија, САД, која вели дека се мака мачи да го најде вистинскиот костим за капење поради бујните гради.
Кога долниот дел е добар, горниот обично премал, толку многу што едвај ги покрива нејзините брадавици и малку кожа.
Се мачам да најдам костим за капење кој ќе ми стои во горниот дел, на градите – им се жали таа на своите над 200.000 следбеници на ТикТок, додека во рацете држи минијатурни розови бикини, а носи други.
Џен вели дека била принудена да зборува за својот проблем на социјалните мрежи за да им помогне на другите девојки со сличен проблем.
Подарувам повеќе од 200 бикини годишно за да им помогнам на девојките со големи гради да најдат работи што им одговараат и ќе продолжам да го правам тоа додека конечно не ги имаме истите можности како девојките со мали бисти – објасни таа.
Многу следбеници ја разбраа, но има и такви кои велат дека не би се заморувале кога би биле на нејзино место, „бидејќи топлесот отсекогаш бил популарна опција, а таа има и со што да се пофали“.
Некои ѝ предложија да креира сопствена линија на костими за капење и на тој начин да ги спаси сите девојки со големи гради, но и да заштеди време кога ќе тргне во потрага по совршени бикини.