Ева Мендес призна дека си го бричи лицето (ФОТО)

by Тони Зографски

Ева Мендес откри кои третмани ги применува за лицето да ѝ изгледа одлично.

49-годишната актерка призна дека е многу влакнеста и често си го бричи лицето. Таа сподели фотографии на кои ја покажува кожата одблиску без грам шминка.

Саканата на Рајан Гослинг применува дермапланинг – третман на лице за отстранување на мртвата кожа и влакната со мало остро сечило, оставајќи ја кожата мазна и мека како бебешка.

Добив многу коментари за вчерашниот пост од жени кои си го бричат лицето со години – ОК, претпоставувам дека ‘дермапланинг’ е правилниот збор, но како и да е, јас го обожавам“ – напиша Ева.

Во коментарите, таа беше запрашана колку често го прави третманот, на што таа одговори:

„Јас сум ѕвер и веројатно ова ми треба секој втор ден. Влакната ми растат веднаш само ако се наежам. Буквално, ќе си ги бричам нозете под туш и ќе се наежам и целиот труд ми е залуден“.

Да, шминката и хидратантната крема полесно се нанесуваат. Јас сум влакнеста. Мојот кубански татко е како мечок, а јас сум негова мини копија – дополни Мендес.

останати вести