Никогаш не постоеше момент во којшто сум го сакала своето тело“, изјавила актерката неодамна и кажала дека се бори со телесна дисформија.
Атрактивната холивудска актерка Меган Фокс (37) ги изненадила своите фанови на Инстаграм со фотографии на кои се сонча, а целиот акцент го ставила ан своите облини.
Таа носела минијатурно бикини и едноставен накит, а на втората фотографија ја покажала портокаловата коса која ѝ е заштитен знак веќе подолго време.
„Ас пехар и ѕвезда“, напишала Меган покрај фотографиите, а тоа всушност е комбинација од тарот карти кои симболизираат надеж и нови почетоци.
Интересно е тоа што актерката на раката носи две скапоцени „Cartier“ алки, чија цена се движи меѓи четири и пол и осум илјади долари.
Додека поголем дел од јавноста ја пофалил фигурата на актерката, на некои им било необично што таа објавува такви фотографии затоа што неодамна за магазинот „Sports Illustrated“ признала дека всушност не го сака своето тело.
„Никогаш не постоел момент во којшто го сакав своето тело“, изјавила Меган и додала: „Имам телесна дисформија. Не гледам како другите ме гледаат“.
Да ве потсетиме, ѕвездата на филмовите „Transformers“ неодамна по романтичниот одмор на Хаваи ги подобрила односите со својот вереник Машин Ган Кели (33).
За нивното раскинување започна да се шпекулира одамнa:
„Службено се вратија откако поминаа низ тежок пат во својата врска. Последните неколку месеци беа тешки за двајцата, но отидоа заедно на одмор за да закрепнат и тоа е доволно. Сега се чувствуваат поповрзани од кога и да е“, изјавил извор за „Daily Mail“.