Во доцните 1970-ти и раните 1990-ти, Мајкл Даглас доживеал неверојатен успех како водечка фигура во холивудските еротски трилери. Навраќајќи се на својата кариера, тој со носталгија се присети на контроверзниот филм кој одигра клучна улога во обликувањето на неговиот уметнички пат.
„Горд сум на фактот што во текот на мојата историја со жените во филмот, повеќето од нив ја дадоа својата најдобра изведба, изјави актерот Мајкл Даглас кој зборуваше за снимањето на филмот „Ниски страсти“ со Шерон Стоун, но и за филмот „Фатална привлечност“ и други.
„Пробата е клучот за успешно изведени интимни сцени во филмовите. Борбените сцени бараат кореографија, и затоа тука е важно постепено да се разработуваат движењата. Актерите воспоставуваат ритам и постепено го зголемуваат темпото“, објасни Даглас како се снимале еротските сцени во неговите филмови.
Даглас, исто така, ја истакна важноста од почитување на своите колешки. Тој откри дека пред снимање на еротските сцени претходно разговара со актерките, се грижи да им биде удобно, а потоа бара согласност од нив за сè што ќе видиме на екранот.
Актерот вели дека јасната комуникација би вклучувала дискусија за конкретни дејства, како што се ставање раце на одредени делови од телото и бакнување.
Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на годинешниот 76. Кански филмски фестивал за исклучителен придонес во филмската индустрија.