За американската актерка Кејт Хадсон (44) летото е официјално започнато.
Имено, таа го искористи убавото време за да ужива покрај базен со своите деца, а на социјалните медиуми објави неколку фотографии во минијатурно бикини, без горниот дел од костимот за капење.
„Сонцето е надвор, па и задниците се надвор #ПодготвениЗаЛето“, напиша актерката во описот на разголените фотографии.
Додека некои обожаватели ја пофалија бидејќи самоуверено го покажува своето тело, други, пак, сметаат дека овие фотографии се прилично „евтини“.
„Згодна си, па покажи го тоа!“, „Веќе 20 години сум вљубен во тебе и секога година си се поубава“, „Кејт, прекрасна си!“, гласат дел од коментарите на фотографијата.