Алиша Кис е голем поборник за природната убавина и многу ретко става шминка на лицето.
42-годишната пејачка пред неколку дена беше фотографирана во природно издание за време на семејниот одмор. Кис носеше бикини со висок струк од PatBO додека се забавуваше на јахта и уживаше во убавините на Латинска Америка.
Заедно со неа беа и нејзините два сина и сопругот Свиз Биц. Тие ги посетија Мексико и Чиле.