59-годишниот милијардер и телевизиската новинарка (53) се неразделни откако почнаа да се забавуваат во 2018 година.
„Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најпрекрасниот човек што го познавам“, изјави неодамна Лорен за Џеф во интервју за магазинот „Волстрит журнал“.
Двојката ја потврди врската во јануари 2019 година, откако Безос соопшти дека се разведува од Мекензи Скот, со која има четири деца, по 25 години брак. Во тоа време, и Лорен се разведуваше од сопругот Патрик Вајтсел по 13години брак. Со него има две деца, а има и син од врската со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.
По пропаднатите бракови, Џеф и Лорен се сретнаа и се подготвени да докажат дека љубовта секогаш победува, коментираат медиумите. Двојката, која е во врска речиси пет години, наводно е подготвена да го направи следниот чекор, според извор близок до парот.