Манекенката Емили Ратајковски секогаш наоѓа нови начини да ја пласира сопствената бикини линија „ Inamorata Woman“.
Оваа недела 31-годишната манекенка сподели со светот како изгледа нејзината нова кампања. Наместо да позира на чиста плажа со бел песок или покрај луксузен бесконечен базен, убавицата ги покажа своите најнови дизајни под туш со сини плочки.
Самохраната мајка позира во црвено бикини со долен дел танга и ја пушти кафената коса.
Ѕвездата во својата објава на Инстаграм напиша дека колекцијата ќе се вика „Inamorata Woman x Mirror Palais“, а исто така истакна дека колекцијата ќе биде претставена на 26 мај.
Очигледно, нејзиниот бренд се здружи со брендот Mirror Palais од Њујорк. Имено, Mirror Palais е одржлив бренд за женска облека основан во 2019 година од Марсело Гаја.
Откако работеше како стилист речиси една деценија, Гаја одлучи да создаде сопствен бренд, со мисија да ги прослави „самоуверените жени кои го инспирираат“.
Неговите бикини го одразуваат неговото бразилско наследство, калеидоскопски неонски принтови инспирирани од осумдесеттите.