Пенелопе Круз со години важи за икона на убавината, а на свои 49 години таа и натаму изгледа гламурозно како и секогаш. Оваа актерка споделила мали тајни кои ѝ помагаат да старее грациозно, а со тоа го одржува и својот младолик изглед.
Најважното во сето тоа е нејзината урамнотежена исхрана и редовните вежби.
Можеби делува како невозможно да одолеете на вкусните колачи или вашата омилена крофна, но намалувањето на внесување на шеќерот може да биде од голема корист за вашата кожа. Актерката се обидува да избегнува храна која може да ѝ наштети на нејзината убавина.
„Се обидувам да избегнувам млечни производи и шеќери. Јадам многу овошје, зеленчук и квалитетни протеини кои се природно одгледани. Пијам и многу вода“, изјавила актерката.
Редовното вежбање ви помага да останете полни со енергија и влијае на вашето општо здравје. Секојдневното вежбање исто така може позитивно да влијае на вашата кожа, а Круз дава сè од себе да остане активна.
„Се занимавам со јога која целосно го смени моето тело. Некогаш бев тромава, а сега нивото на енергија ми е на врвно ниво. Тоа е како магија, но таа магија мора да ја заработите“, изјавила актерката.
Актерката е многу дисциплинирана во поглед на своите ноќни ритуали за убавина и никогаш не ја прескокнува својата редовна рутина за нега на кожа: „Секогаш ја чистам и хидрирам кожата“, изјавила таа.
Користењето адекватни производи за нега на кожа може да е корисно и за вашиот тен, но здравјето на цревата и правилната исхрана исто така се од важно значење.
„Јас сум страсна по повод на тоа. Навистина верувам дека вашиот стомак е вашиот втор мозок“, изјавила наградуваната актерка.