Во вторникот во Кан започна филмскиот фестивал којшто ќе трае до 27 мај, а кој секоја година го посетуваат бројни познати личности од светот на филмот.
На црвениот тепих се појави и Мајкл Даглас (78) со сопругата, актерката Кетрин Зета Џонс (53) и ќерката Карис.
Кетрин заблескала во смелиот фустан од познатиот дизајнер Ели Саба во црвено-виолетова комбинација.
Нејзиното деколте привлекло внимание и го нагласило сексапилот на актерката, додека Кариса носела бел, чипкан фустан којшто имал проѕирни делови, но стратешки распоредени, па така не дозволил да се види нешто што не треба.
Многумина коментирале дека Кариса е многу убава и дека личи и на нејзиниот татко и на нејзината мајка.
Инаку, Мајкл Даглас ја прими почесната Златна палма на отворањето на 76-от филмски фестивал.