Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе настрадале додека бегале од папараците, а славниот пар се огласи по срамниот инцидент
„Иако да се биде јавна личност доаѓа со одредено ниво на јавен интерес, тоа никогаш не треба да биде по цена на нечија безбедност. Ширењето на овие слики, со оглед на средствата со кои се добиени, поттикнува многу наметлива практика која е опасна за сите инволвирани“, велат тие во заедничкото соопштение.
Да потсетиме дека портпаролот на двојката потврди дека за малку ќе се случела трагедија откако кралската двојка присуствувала на наградите Women of Vision, одржани во салонот за танцување Ziegfeld во Њујорк.
Имено, Меган и Хари првпат се појавија во јавноста по крунисувањето на кралот Чарлс. Во својот говор, по добивањето на една од наградите, Меган ги охрабри жените да се борат за еднаквост, а по церемонијата со сопругот и мајката Дорија Рагланд влегле во автомобил, а папараците почнале да ги бркаат.
Во изјавата за Си-Ен-Ен, портпаролот на парот рече: „Синоќа, војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Рагланд беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со автомобил со многу агресивни папараци. Оваа потера, која траеше повеќе од два часа , резултираше со повеќекратни блиски промашувања во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца полицајци“.
Откако се повлече од кралското семејство и се пресели во Калифорнија во јануари 2020 година, парот постојано се жалеше на проблеми со медиумите.
„Сите знаеме што можат да бидат британските медиуми. Тие го уништуваа моето ментално здравје“, рече Хари во интервјуто во февруари 2021 година. „Ова е токсично“, додаде тој, нагласувајќи дека медиумите „навистина тешко“ му го погодиле семејството. „Го направив она што би го направил секој сопруг и татко – се обидов да го извлечам моето семејство од овде“.
Мајката на Хари, принцезата Дијана, почина во 1997 година откако се обиде да избега од папараците кои ја следеа додека возеше низ Париз. Војводата од Сасекс опширно пишуваше за смртта на неговата мајка во своите мемоари и неговиот гнев поради упадот на медиумите во животот на кралското семејство.