Пирс Броснан го прослави 70-тиот роденден со сопругата и мајка си во Малибу (ФОТО)

by Тони Зографски

Пирс Броснан вчера наполни 70 години.

Ѕвездата од филмовите за Џејмс Бонд го помина својот специјален ден во друштво на сопругата Кили Смит и мајка си. Пред да влезат во автомобилот, Пирс ја бакна својата сакана, со која е оженет повеќе од две децении и чиј брак е еден од најстабилните во Холивуд.

Пирс и Кили се запознаа во Мексико во 1994 година, 3 години по смртта на неговата прва сопруга, која почина од рак на јајчниците. Тие стапија во брак во 2001 година и заедно имаат две деца.

 

останати вести