МОНА МАМЕЛА ПОСТАРИ ЕРГЕНИ: Ги убедувала дека се венчани, вкупно им земала 2 милиони долари (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Мона Фаиз Монтраж е 30-годишна инфлуенсерка од Гана чии профили на социјалните мрежи биле меѓу 10-те најгледани во Гана. Таа е уапсена минатиот ноември во Велика Британија. Сега е екстрадирана во САД.

Нејзина мета биле слободни мажи кои ги уверувала дека се во врска и од нив барала пари. Тоа го правела од 2013-та до 2019-та година заедно со група помагачи.

Користела различни идентитети и мамела луѓе тврдејќи дека и се потребни пари да го премести златото во САД, да реши истрага на ФБИ и да им помогне на американските војници во Авганистан.

MONA JE VARALA STARIJE NEŽENJE: Ubedila ih da su se venčali, ukupno otela 2 miliona dolara! Sad joj preti 20 GODINA ROBIJE

Според обвинението, Мона со измами на постари мажи и жени заработила повеќе од 2 милиони долари.

Нејзина мета биле слободни мажи кои ги убедувала дека се врска и од нив барала пари.

Таа убедила еден несреќен маж дури 82 пати да и испрати пари на сметка во банка.

„Ми требаат за да му помогнам на таткото на еден селанец“, му рекла таа. Тој вкупно и исплатил 89.000 долари.

Други луѓе убедувала дека се венчани на интернет, праќајќи им лажни венчални листови.

Image

Вкупно заработила повеќе од 2 милиони долари кои ги чувала во американски банки.

Отворила една сметка на име на компанија за облека, но било утврдено дека се е лажно.

„Госпоѓицата Мона била дел од криминална организација која мамела постари Американци. Таа ги уништувала жртвите финансиски и емоционално“, рекол американскиот обвинител Демиен Вилијамс.

Мона пред судот изјавила дека не е виновна.

Судијата и одредил кауција од половина милион долари и домашен притвор со нејзината тетка во Њу Џерси.

 

 

останати вести