Фронтменот на U2, Боно Вокс, неодамна го прославил својот 63 роденден, а познатиот музичар веќе 41 година е во среќен брак со Алисон Али Хјусон (62).
Боно и Али се запознале во 1976 година, кога биле тинејџери, а заедно се 41 година. Имаат две ќерки и два сина.
Тајната на нивниот 41 годишен брак е пријателството, доколку се прашува музичарот. „Сериозно мислам дека пријателството понекогаш може да ја надмине романтичната љубов. Али и јас сме пријатели, а кога ќе се спојат љубовта и пријателството, тогаш имате нешто навистина посебно“, претходно изјавил Боно.
И Ал во една прилика изјавила што го одржува нивниот однос: „Нашиот брак функционира затоа што си се допаѓаме, затоа што разговараме и затоа што страстно сме посветени на она што го работиме. Си дозволивме еден на друг да ги оствариме нашите соништа. Не би сакала да бидам во брак со некој кој не е задоволен со она што го прави во живототот, а не би сакал ниту Боно. Научивме колку бракот може да биде добар, доколку си истраен, посветен и упорен“, заклучила таа.